Приказна што почна пред камерите, а продолжува во вашиот дом

01
Ајде ДОМА: Почетокот
Нашата приказна започна со „Ајде ДОМА“ – телевизиска емисија посветена на уредувањето и преобразбата на домови, создадена од архитект и продуцент Ивана Николовска. Како единствена домашна емисија од ваков тип во Македонија, „Ајде ДОМА“ донесе нов пристап кон уредувањето на простори, инспирирајќи со креативни идеи, функционални решенија и внимателно осмислени ентериери.

02
Ајде ДОМА – За Дома: Развој на сопствено производство
Со отворањето на нашиот салон и започнувањето на сопственото производство на мебел, ја претворивме нашата визија во реалност. Денес создаваме мебел со внимание кон секој детал, комбинирајќи современ дизајн, внимателно избрани материјали и квалитетна изработка.

03
Денес: Мебел, дизајн и изведба
Денес АЈДЕ ДОМА е место каде што дизајнот и производството се спојуваат во целосни решенија за вашиот дом.
Во нашиот сопствен погон изработуваме тапациран мебел и столарија, прилагодени на вашиот простор, потреби и избор на материјали.
Веруваме дека секој простор заслужува внимателно осмислен дизајн кој ги обединува естетиката, функционалноста и индивидуалните потреби. Со архитект Ивана Николовска, секој проект го развиваме индивидуално – од првичната идеја и проектирањето, до изработката и конечната реализација.
